Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Моди ќе ја посети Москва за првпат од почетокот на руско-украинската војна

8 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Војната ги усложни односите меѓу долгогодишните сојузници Москва и Делхи, откако Русија започна да се зближува со Кина, главниот противник на Индија.

Во текот на посетата, Моди ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со кого ќе разговара за целокупните мултифасетирани односи меѓу двете земји. На дневен ред ќе бидат трговијата, енергијата, одбраната и технологијата. Исто така, ќе се разговара и за тековните глобални прашања и безбедносни предизвици, вклучително и ситуацијата во Украина и регионалните геополитички динамики.

По посетата на Русија, Моди ќе продолжи со официјална посета на Австрија, што ќе биде прва посета на индиски премиер во таа земја по 41 година​

Моди ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, со кого последен пат имаше разговори лице в лице на руска територија во 2019 година, во Владивосток. Двајцата лидери се сретнаа и во септември 2022 година во Узбекистан на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС).

Русија има силни врски со Индија уште од времето на Студената војна, а значењето на Делхи како клучен трговски партнер за Москва се зголеми по инвазијата на Украина. Кина и Индија станаа едни од најголемите купувачи на руска нафта, откако САД и нивните сојузници воведоа санкции кои значително ги затворија западните пазари за извоз на нафта од Москва.

Делхи избегнува да ја осуди руската војна во Украина и ja истакнува потребата од мирно решение на конфликтот. Сепак, во соработката меѓу Москва и Делхи се појавија и компликации поради руските врски со Кина, која е геополитички противник на Индија.

Сепак, според аналитичарите, Моди ќе се обиде да ги одржи блиските односи со Москва, која не само што е важен трговски партнер, туку и првостепен снабдувач на оружје и техника за индиската армија.

По посетата на Русија, Моди ќе продолжи со официјална посета на Австрија, што ќе биде прва посета на индиски премиер во таа земја по 41 година. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ