Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема да присуствува на самитот COP 29 поради политичките настани во Брисел, изјави нејзиниот портпарол. „Комисијата е во фаза на транзиција и затоа претседателката ќе се фокусира на нејзините институционални должности“, рече портпаролот.
ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и комесарот за клима, Вопке Хоекстра. Американскиот претседател Џо Бајден исто така нема да учествува на самитот, изјави извор од неговата администрација.
COP29 започнува на 11 ноември, неколку дена по претседателските избори во САД на 5 ноември.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва веќе го откажа патувањето во Азербејџан бидејќи минатиот месец ја повреди главата. Ќе отсуствуваат и Кина, Јапонија, Австралија и Мексико. COP29 се совпаѓа со самитот на Г20 во Бразил на 18 и 19 ноември, каде ќе се разговара и за финансирањето на климатската транзиција.