Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Лами: Предупредувањето на Путин е „фрлање песок во очи и чаталење“

15 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тензиите околу оваа чувствителна тема го достигнаа својот врв оваа недела кога американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер разговараа за оваа можност во Белата куќа.

Во денешното интервју за Би-Би-Си, Лами рече дека разговорите на оваа тема со САД и сојузниците продолжуваат, пренесува Индекс.хр.

Запрашан дали мисли дека Владимир Путин лаже кога на маса ги изнесува заканите за нуклеарна војна, Лами одговори дека тоа што го прави и кажува рускиот претседател е „фрлање песок во очи и чаталење“ односно тоа е неговиот „modus operandi“.

- Тој се заканува кога станува збор за тенкови, се заканува кога станува збор за проектили и нуклеарно оружје, но не можеме да дозволиме да не исфрли од колосек, вели Лами, нарекувајќи го рускиот претседател „империјалистички фашист“.

Според британскиот министер за надворешни работи, Путин нема да застане во Украија, ако му се дозволи да победи.

Владимир Путин во четвртокот предупреди дека ако Западот дозволи Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел, тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, постојано бара од западните сојузници да му дозволат да напаѓа воени цели длабоко во Русија, како што се воздушни бази од кои полетуваат авионите што ја бомбардираат Украина.

Засега Западот, на чело со САД, не дава зелено светло за таквиот потег, плашејќи се дека Русија тоа може да го сфати како ескалација./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ