Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Киев индипендент: Русите фатиле 18 севернокорејски војници кои ги напуштиле позииите

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Официјален Киев минатата недела излезе со тврдење дека Северна Кореја се подготвува на почетокот на ноември да распореди околу 11.000 војници за да и помогне на Русија во војната против Украина, додавајќи дека некои веќе пристигнале.

Осумнаесет од нив ги напуштија своите позиции во руските региони во близина на украинската граница, објави пред една недела украинската телевизија „Суспилне“, повикувајќи се на неименувани разузнавачки претставници.

Пристигнале 40, а 18 ги напуштиле позициите каде останале без храна и инструкции, наведе телевизијата.

Други украински медиуми, повикувајќи се на извори во воено разузнавање, јавија дека околу 40 севернокорејски војници пристигнале во Русија за да разменат знаење со нивните руски колеги.

По обуката, 18 Севернокорејци неколку дена биле оставени без храна и инструкции во шума во Курскиот регион, што довело до тоа на 14 октомври да ја напуштат својата борбена позиција за да пронајдат руска команда.

Украинските медиуми пренесуваат дека два дена подоцна, руските власти ги пронашле и ги привеле исчезнатите војници на приближно 60 километри од нивната првобитна позиција./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ