Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Камала Харис во Пенсилванија вети прагматичен пристап за решавање на економските проблеми

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американската потпретседателка Камала Харис, која е и кандидат на Демократската партија за претседател на претстојните избори што ќе се одржат на 5 ноември, им вети на гласачите дека ќе донесе нови инвестиции во домашното производство за неколку индустрии, доколку победи во трката за Белата куќа. .

Во говорот што го одржа во Пенсилванија, држава во која треба да победи, Камала Харис, како што јави Би-Би-Си, рече дека е „капиталистка со прагматичен пристап кон зајакнувањето на средната класа“.

Побивајќи ги обвинувањата од републиканскиот табор дека е „комунистка“, Камала решително изјави:

„Ветувам дека ќе бидам прагматична во мојот пристап. Јас сум капиталист“.

Надоврзувајќи се на нејзината визија за „економија на можности“, Камала Харис наведе нови предлози за да им помогне на младите семејства, оние што првпат купуваат домови и постарите лица преку даночни олеснувања и финансиски стимулации од 100 милијарди долари.

Таа вети нови инвестиции во вештачката интелигенција, авијацијата и енергетскиот развој. Камала Харис додаде дека даночните стапки за големите корпорации и најбогатите Американци мора да се зголемат за тие „да го платат својот фер удел“.

Таа, исто така, вети дека ќе ги реформира дозволите за да ја забрза изградбата во САД, да ги елиминира барањата за дипломи за федерални работни места и да го зголеми бројот на синдикални стажирање, доколку биде избрана.

„Имам намера да исцртам нов пат напред и да ја развијам американската средна класа“, додаде Камала Харис и го повика Трамп:

„Тој нема намера да ја развива нашата средна класа. Тој е заинтересиран само да го подобри животот за себе и за луѓето како него“.

За прв пат Харис ги демантираше тврдењата на кампањата на Трамп дека лажела дека работела во Мекдоналдс како студентка.

Околу еден час пред говорот на Камала, нејзиниот противкандидат Доналд Трамп ја претстави својата економска програма во Северна Каролина, во која тврди дека доколку победи, ќе воведе данок од 15 отсто за производите произведени во Америка.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ