Кадиров го објави својот предлог на неговиот официјален канал Телеграм и рече дека Русија и Сирија треба да организираат контактни групи по бришењето на групата за да воспостават билатерални врски.
-За да започнат позитивни процеси, неопходно е да се започне процедура за исклучување на „Хајат Тахрир ал-Шам“ и неговите претставници од руската листа на терористички организации. Важно е, без да се чека почетокот или крајот на овој процес, веднаш да се организира работата на контакт група од двете страни, која ќе може да ги изгради првите врски и да започне со решавање на проблемите. Ова е глобална практика, која овозможува што побрзо да се излезе од кризата и да се помогне на населението, напиша Кадиров.
Тој предложи во контакт групата да бидат вклучени и Сиријците кои подолго време живеат и работат во Република Чеченија.
-Доколку добиеме инструкција од врховниот командант на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, ние сме исто така подготвени да обезбедиме поддршка во патролирањето на улиците со нашите сили, заедно со сириските органи за спроведување на законот. Полицајците од Чеченската Република веќе одржуваа ред во некои делови на Сирија, заштитувајќи ги луѓето од грабежи и насилство, додаде чеченскиот лидер./МИА