Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Израелците проверуваат дали навистина го убиле лидерот на Хамас, Јахја Синвар

17 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„За време на операциите на ИДФ во Газа беа елиминирани тројца терористи. ИДФ и ИСА ја истражуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар. Во оваа фаза идентитетот на терористот не може да се потврди“, се вели во соопштението на ИДФ, пренесува Sky news.

Армијата забележува дека немало заложници во областа каде што биле убиени тројцата терористи. Имало извештаи дека Синвар се криел меѓу заложниците, користејќи ги како жив штит.

„Силите на ИДФ и Шин Бет кои дејствуваат во областа продолжуваат да дејствуваат под потребната претпазливост“, додаде војската.

Канал 12 јавува дека војници отвориле оган врз група терористи во приземјето на зградата. Кога подоцна влегле во зградата, сфатиле дека еден од загинатите терористи „многу личи на“ Синвар.

Телата се однесени за идентификација, додава Тајмс оф Израел.

На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии на кои наводно се гледа телото на Синвар.

Хамас се уште не ги коментира овие наводи.

Да потсетиме, ова не е првпат да кружат информации дека лидерот на Хамас е мртов.

Синвар го води Хамас во Газа од 2017 година, откако се приклучи на неговите редови во раните 1980-ти.

Се верува дека тој е авторот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ