Оваа акција се случила во ноќта меѓу саботата и неделата, дознава „Тајмс оф Израел“.
Ловците на израелското воздухопловство (ИАФ) го пресретнале иранскиот Боинг 747 и му наредиле да се врати назад, што и го направиле по кратко време.
Во последниве месеци, израелските одбранбени сили принудија неколку ирански товарни авиони да се вратат назад додека биле во сирискиот или ирачкиот воздушен простор, поради сомневање дека носат оружје за Хезболах. ИДФ соопшти дека, за време на прекинот на огнот, ќе продолжи да дејствува за да ги спречи сите испораки на оружје за либанската група, вклучително и напади врз пратки насекаде во Либан или Сирија.
Минатата недела, висок воен функционер рече дека ИДФ не само што ќе ги нападне пратките со оружје, туку дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи и со последици за помошта на Хезболах.
Неколку часа пред прекинот на огнот кој стапи на сила во средата рано наутро, ИДФ изврши напади на шверцерските рути на Хезболах.