Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Италија обеле и во јули, со булдожери се чисти „снегот“ (ВИДЕО)

8 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Патишта се полни со град што вчера по 16 часот ја погодија Александрија.

Громови и невреме најпрво ја погодија општината Фелизано, потоа набрзо стигнаа до Александрија, а подоцна и долен Монферат.

Во населбата Кваторди градот буквално ги побеле улиците, а најмногу проблеми направија силните дождови и ветерот кои ги принудија возачите да застанат.

Противпожарната бригада во областите на Александрија добила голем број пријави поради акумулирана вода на надвозниците во Фелизано и Куатордио.

На патиштата имало наноси на  град од неколку сантиметри, „внимавајте“, е апелот на Цивилната заштита, пренесуваат италијанските медиуми.

Имало многу жители кои пријавиле штета во областите Варезото и Комаско, а некои автомобили останале поплавени на подвозниците.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ