Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Исланд: На изборите победи опозицискиот Социјалдемократски сојуз

1 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Социјалдемократите предводени од Криструн Фростадотир освоија 20,8 проценти од гласовите всушност 15 мандати од 63-члениот Парламент.

Фростадотир (36) го презеде раководството на партијата пред две години и оттогаш се залага за скандинавскиот модел на благосостојба, ветувајќи дека ќе се справи со кризата на трошоците за живот предизвикана од високата инфлација и трошоците за задолжување.

Конзервативната Партија за независност на премиерот Бјарни Бенедиктсон е на второ место со освоени 19,4 отсто од гласовите, додека либералната Партија за обнова е трета со 15,8 проценти.

Левичарското движење на Зелените, претходно предводено од Катрин Јакобсдотир, пред да се повлече од премиерската функција во април за да се кандидира за претседател, не освои ниту едно пратеничко место.

Предвремените избори беа распишани минатиот месец поради несогласувањето во владејачката трипартитна коалиција во која беа вклучени неговата Партија за независност, Прогресивната партија и Левиот зелен сојуз, како и незадоволството на граѓаните поради миграцијата, енергијата и домувањето. Коалицијата беше на власт изминатите седум години.

Исланд со население од 384.000 жители од 2017 година има релативна политичка стабилност и е една од најбогатите земји во Европа. Земјата е позната по туризмот, риболовот, евтината геотермална енергија и производството на алуминиум. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ