Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Инцидент во Чикаго: Мотор на Боинг 787 вшмука контејнер за транспорт (ВИДЕО)

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Авионот во моментов е приземјен поради оштетување на енергетската единица, а следеше истрага на американските власти.

Боинг 787-9 на „Американ ерлајнс“ е оштетен откако десниот мотор вшмукал контејнер на аеродромот О'Хара во Чикаго (ОРД). Инцидентот се случил во четвртокот, на 17 октомври, за време на движењето на авионот по пистата на пат кон терминалот.

Дримлајнерот кој пристигна од Лондон (LHR) на летот АА47 се движел зад Ербасот А350 на Ер Франс, а во еден момент меѓу двата авиони поминало товарно возило на аеродромот. Контејнерите испаднале од приколките, а еден од нив завршил во десниот мотор на Боингот 787, а доказ за тоа е видео објавено на социјалните мрежи.

Ниту еден од патниците, членовите на екипажот и персоналот на земјата не е повреден, јави Aviation24. Иако се уште не се знае точната причина за инцидентот, се верува дека силен млаз воздух од моторот на Ербас А350 Ер Франс го преселил товарот од приколките на аеродромското возило.

Федералната управа за авијација (FAA) најави дека ќе започне истрага за инцидентот. Во краткиот извештај на веб-страницата на ФАА, се наведува дека патниците од летот АА47 нормално излегле од авионот.

Авионот кој бил оштетен во инцидентот на аеродромот во Чикаго е регистриран како N834AA. Станува збор за Боинг 787 стар шест и пол години, кој на почетокот на 2018 година бил испорачан на Американ Ерлајнс како нов. Овој Dreamliner моментално е приземјен на аеродромот во Чикаго, според Planespotters.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ