Зголемениот надзор се воведува поради загриженоста за можното внесување на болеста во Франција, што може да има катастрофални ефекти врз свинската индустрија во земјата и потенцијално да ги наруши синџирите за снабдување со храна.
Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, изминатите години се шири кон Западна Европа, а откриени се случаи и во близина на Франција, Белгија и Италија.
Ширењето на болеста во Германија ја наруши големата свинска индустрија во земјата, а многу прекуокеански земји воведоа забрани.
Од епидемија на АСК изминатите години погодени се и азиските држави, што предизвика големи загуби во бројот на свињи во Кина и во Виетнам. /МИА