Европската турнеја на Зеленски е во време кога украинската армија се бори на источниот фронт, соочена со напредувањето на руската војска и на помалку од еден месец пред неизвесните претседателски избори во САД, чиј исход може да ја загрози клучната поддршка на Вашингтон за Киев.
Зеленски, кој изрази жалење што Западот ја „одложува“ испораката на ракети со долг дострел за Украина, се очекува прво да допатува во Париз, каде ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон, а потоа утре во Рим, каде што ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Зеленски од Дубровник најави дека следните денови ќе се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон и со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
Зеленски предвидено е в сабота во Германија да учествува на состанокот за одбрана на Украина, што е одложен откако американскиот претседател Џо Бајден го откажа патувањето поради ураганот Милтон. Зеленски во Берлион ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.