„Ова се екстремно високи температури дури и за лето, а особено невообичаени бидејќи сме на крајот на ноември“, изјави метеорологот на националната служба Метео Франс, Матје Сорел, пренесе Гардијан.
Климатолозите ја опишаа оваа ноќна жештина како феномен, а Метео Франс не можеше да потврди дали тоа е највисоката температура досега забележана на крајот на ноември, бидејќи нивните часовни мерења се вршат од 1990 година, но Сорел додава дека, сепак, тоа е екстремно висока температура.
Многу топли ноќи на француската страна на Пиринеите се случуваат кога топол воздух од Северна Африка и Медитеранот се спушта по планините и уште повеќе се загрева под притисок, а овој природен феномен е познат како „Фен ефект“ и дополнително го зголемува влијанието на загадувањето од согорувањето на фосилните горива поради што планетата се загреа за 1,3 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера, наведува Гардијан.
„Можеме да видиме дека со климатските промени имаме многу повисоки температури од порано“, истакна Сорел.
Екстремно високи ноќни температури беа забележани и во Данска на крајот на ноември, но данскиот метеоролошки институт соопшти дека не се надминати рекорди во овој поглед.