Поранешниот американски претседател Барак Обама им порачал на соработниците дека Џо Бајден треба да ја преиспита својата кандидатура за реизбор, објави во четвртокот <a href="https://www.washingtonpost.com/politics/2024/07/18/obama-says-biden-must-consider-viability/">Вашингтон пост</a>.
Обама верува дека патот на Бајден до победата е намален и дека 81-годишникот треба „сериозно да размисли за одржливоста на неговата кандидатура“, пишува весникот, цитирајќи луѓе информирани за неговото размислување.
Се наведува дека во моментов нема коментар од Обама, кој беше на функција додека Бајден беше потпретседател од 2009 до 2017 година и кој сеуште е влијателен во Демократската партија.
Впрочем, Обама е наведен како највлијателниот Демократ кој досега се приклучи на растечкиот хор во партијата што го повикува Бајден да се откаже, по катастрофалниот дебатен настап против Доналд Трамп.