Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол во вторникот прогласи вонредна состојба во земјата. Претседателот ја обвини опозицијата за „антидржавни активности“.
Во својот говор, јужнокорејскиот претседател ја обвини опозицијата дека „го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности“.
По неговиот говор, министерот за одбрана свика итен состанок на Советот за безбедност, а армијата е ставена во борбена готовност.
Во драматичен развој на настаните по прогласувањето на вонредна состојба, војската упадна во парламентот на земјата и се судри со толпа на луѓе.
На улиците на Сеул беа снимени армиски оклопни возила, како и хеликоптери кои летаат над главниот град.
Во меѓувреме, парламентот на Јужна Кореја гласаше за блокирање на потегот на претседателот Јун Сук-Јол да прогласи вонредна состојба, објавија новинските агенции Јонхап и Ројтерс.
Претседателот на Националното собрание Ву Вон-сик поднесе резолуција со која бара укинување на вонредната состојба.