Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Британскиот премиер по критиките, ги врати парите во вредност на подароците што ги добивал

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Само неколку месеци откако Стармер и неговата Лабуристичка партија дојдоа на власт, тој и некои од неговите највисоки министри се на удар на критики за прифаќање донации за плаќање облека, забави, концерти и патувања во странство, пишува Ројтерс.

Канцеларијата на Стармер соопшти дека премиерот вратил повеќе од 6.000 фунти (7.200 евра), сума еднаква на вредноста на подароците што ги добил, пред да биде објавен новиот код за донација.

„Сега ќе воведеме нови правила за донации, бидејќи до сега политичарите се потпираа на нивното лично расудување од случај до случај. Затоа донесов одлука дека, додека не се воведат овие нови правила, правилно е да се направи плаќања (во буџетот) во вредноста на добиените подароци“, рече Стармер на прес-конференција за време на неговата посета на Брисел.

6.000 фунти што ги плати Стармер ќе ги покрие трошоците за шест билети за концерт на американската ѕвезда Тејлор Свифт, четири билети за коњска трка и договор за изнајмување облека од скап моден дизајнер.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ