Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека е пронајден апарат за прислушкување во неговата приватна бања во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, откако го користел Бенјамин Нетанјаху, <a href="https://www.express.co.uk/news/politics/1957017/boris-johnson-benjamin-netanyahu-bugged-bathroom">пишува</a> Daily Express.
Во својата нова книга „Ослободен“, поранешниот премиер тврди дека неговиот безбедносен тим пронашол уреди за прислушкување во тоалетите откако Нетанјаху ги користел објектите за време на посетата во 2017 година.
„Тука Биби се средуваше некое време, можеби е случајно или не, но ми беше кажано дека подоцна кога направија рутинска проверка нашле уред за прислушување“, напишал Џонсон.