Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат изворите.
„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку истовремено ги подобри односите со Истокот и Западот. Секој друг метод нема да биде од корист за Турција, туку ќе и наштети“, рече Ердоган за време на викендот. /МИА