Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден пристигна во Германија за разговори за Украина и Блискиот Исток

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бајден се среќава со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а се очекува нивните разговори да се фокусираат на зајакнување на трансатлантските врски и одржување на воената помош за Украина.

Германија моментално е втор најголем донатор на воена помош за Украина, по САД, и има обезбедено напредно оружје, како што се борбените тенкови Леопард 2, ракети Патриот и системи за противвоздушна одбрана IRIS-T.

Посетата на Бајден доаѓа во време на зголемени сомнежи за иднината на поддршката за Украина поради претстојните американски избори и можноста Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Трамп и неговата Републиканска партија помалку ја поддржуваат испораката на воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, а некои членови на партијата повикуваат на целосно прекинување на помошта.

По разговорите со германските лидери, Бајден ќе одржи трилатерална средба со канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кијр Стармер.

- Претседателот Бајден со нетрпение очекува да разговара со другите лидери за клучните теми, кои очигледно вклучуваат војната на Русија против Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, пронаоѓање на одржливо дипломатско решение за конфликтот меѓу Израел и Либан и ризикот од ескалација со Иран - изјави еден од претставниците на Белата куќа пред посетата.

Прошталната посета на Бајден во Берлин, бидејќи неговиот мандат завршува во јануари следната година, првично беше планирана пред една недела, но беше одложена поради ураганот Милтон кој ја погоди американската држава Флорида. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ