Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Австријка ќе оди во затвор зашто го заразила соседот со Ковид- тој починал, а имал и рак

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

За убиство од небрежност, 54-годишната жена доби четири месеци затвор и парична казна од 800 евра. Овој случај е потврда дека е можно да се осуди некој за убиство со коронавирус, т.е. утврди дека кривичното дело убиство од небрежност е сторено со тоа што конкретен вирус или кластер на вируси преминал од „сторителот“ на кривичното дело на „жртвата“ на неутврден начин.

Госпоѓата од Австрија е осудена за убиство на лице, кое претходно боледувало од рак.

„Жената мораше да одговара по втор пат пред регионалниот суд во Клагенфурт поради нејзината болест предизвикана од коронавирусот. Минатото лето беше осудена на 4 месеци условна затворска казна за намерно загрозување на лица со заразни болести“, пишува австриски Куриер и објаснува: „Виролошкиот извештај покажа совпаѓање на вирусната ДНК од ПЦР примероците на обвинетиот и лицето кое подоцна умрело. Примерокот го изненади експертот кој вчера изјави: „такво 100 процентно совпаѓање е многу ретко бидејќи коронавирусот брзо се менува“.

„Во обновениот судски процес, кој се уште е во тек, судијката Сабине Гец мораше да ги разјасни можните контакти меѓу обвинетата и нејзиниот сосед. Ова беше изјава против изјава: синот и снаата на починатиот, како и неговата сопруга изјавиле дека имало контакт на скалилата на 21.12.2021 година (односно во моментот кога обвинетата веќе знаела дека имала ковид). Пријавената стоела на вратата од нејзиниот стан во ходникот од зградата, додека лицето кое подоцна починало стоело наспроти неа. Семејството на починатиот се пожали на сосетката“, опишува Куриер.

Синот и снаата на починатиот пациент изјавиле:

- Изгледаше навистина болно. Ја прашав дали има корона, таа рече не ,тоа е само грип“, рече синот. Беше многу загрижен бидејќи знаеше колку може да биде опасна инфекцијата со Ковид за пациентите со рак.

Обвинетата жестоко го негираше тоа: „Тој ден не можев да станам од кревет или да зборувам затоа што бев многу болна. Така што тоа не можеше да се случи на тој начин“, рече таа. Жената, исто така, за време на судењето рече дека инфекцијата со коронавирус никогаш не била тема за неа: „Јасно ми беше дека тоа е бронхитис, кој го имам секоја година во зима“.

Нејзиниот лекар, исто така, снимил уште една контроверзна изјава на обвинетата пред полицијата: „Сигурно нема да дозволам да ме уапсат“, му рекла кога брзиот тест за корона бил позитивен.

„Не си го олеснивте донесувањето на пресудата“, рече судијата Гец објаснувајќи ја пресудата и додаде: „Лично ми е жал за вас - мислам дека вакво нешто веројатно се случило сто пати. Но, вие ја имате несреќата што вештакот речиси со сигурност утврдил дека инфекцијата потекнува од вас. Ова ми ја даде потребната сигурност да донесам пресуда за вина“, заклучила судијката.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ