Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Аракчи: Иран не испорачал ракети на Русија

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

САД и трите европски земји повторно преземаат акција заснована на погрешни разузнавачки информации. Иран НЕ испорачал балистички ракети на Русија. Точка … Санкциите не се решение, туку дел од проблемот, објави Аракчи на Икс.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги употреби за неколку недели. Според него, соработката меѓу Москва и Техеран претставува закана за европската безбедност.

САД, Германија, Велика Британија и Франција вчера воведоа нови санкции против Иран, вклучително и мерки против иранскиот национален авиопревозник „Иран Ер“./МИА

Кремљ денеска ги негираше информациите дека Иран испорачувал проектили на Русија, истакнувајќи дека наводите за трансфер на оружје се неосновани.

Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани изјави дека Техеран ќе преземе соодветни „мерки“ како одговор на новите санкции.

- Оваа акција на трите европски земји е продолжување на непријателската политика на Западот и економскиот тероризам против иранскиот народ, наведе Канани.

Тој додаде дека „Исламската Република Иран ќе одговори на соодветен и пропорционален начин“, без да прецизира за кои „мерки“ станува збор. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ