Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано

25 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Воениот конфликт ќе го видевме многу порано. Ми беше целосно јасно дека претседателот (на Русија) Владимир Путин нема да остане рамнодушен и да гледа како Украина влегува во НАТО. А тогаш, Украина како држава сигурно не би била толку подготвена како што беше во февруари 2022, рече таа за Би-Би-Си.

Во реткото интервју од повлекувањето од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост за повторните закани од Путин за употреба на нуклеарно оружје.

- Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако ја напуштила функцијата.

Би-Би-Си посочи дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станаа зависни од Москва, а Германија изгради два гасоводи директно поврзани со Русија.

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги задржи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што наведе, „на крајот не успеале“.

- Новата ера во односите на Европа со Русија, за жал, започна по целосната инвазија на Украина, нагласи германската канцеларка. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ