Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американците извршија воздушни напади врз главниот град на Јемен и аеродромот во Сана (ВИДЕО)

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Цел на воздушните напади биле и јужниот дел на градот Замар, јавува телевизискиот канал. Телевизијата Ал Масира објави дека американските и британските сили ги извршиле нападите, но извор од британската влада рече дека Велика Британија не била вклучена, пренесе АП.

Американски официјални лица изјавија за Асошиетед прес дека американската војска нападнала голем број цели на Хутите во Јемен. Цел на нападите биле системи за оружје, бази и друга опрема што им припаѓа на бунтовниците поддржани од Иран, рече претставникот.

Сè уште не е достапен точниот број на цели бидејќи мисијата сè уште завршува, но медиумите на Хутите сугерираат дека седум напади го погодиле аеродромот Ходеида, како и областа Катеиба, која е седиште на воена база под контрола на Хутите.

Американските сили извршиле напади врз 15 цели во областите во Јемен под контрола на Хутите, потврди американската војска.

Хутите, проиранска милитантна група, почнаа да ги напаѓаат меѓународните бродови во ноември минатата година во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Нападите на Хутите ги поттикнаа американските и британските одмазднички напади, но исто така ја попречија глобалната трговија бидејќи сопствениците сега ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море и Суецкиот канал преку подолгата бродска рута околу Р’тот Добра надеж.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ