Војната во
Украина трае активно трае веќе две и половина години, западните држави воведоа
десетина пакети санкции кон Русија, но и кон руски моќници, со цел д аја
клекнат на колена, но земјата се уште некако успева да се одржи и да ја
финансира воената машинерија.
Покрај тоа што се
заврти на домашната економија и на источните пазари, како и паралелен увоз и
извоз, од почетокот на војната во Украина, Русија на меѓународниот пазар
продаде најмалку четири милиони тони жито што ги „зела“ од окупираните региони
на Украина.
Ова го објави
Wall Street Journal, цитирајќи го заменик-министерот за земјоделство на Украина
Маркијан Дмитрасевич.
„Од 2022 година,
најмалку четири милиони тони жито и други производи се директно испорачани од
освоените делови на Украина на меѓународниот пазар, а за тоа заработиле околу
800 милиони долари“, рече Дмитрасевич.
Неодамна Еуромајдан
прес, како што јави Дојче веле, објави дека во него учествувале различни
организации, меѓу кои и компании поврзани со Корпусот на Исламската
револуционерна гарда и компании од Обединетите Арапски Емирати и Сирија.
Како што јави ДВ,
во јули, украинските власти запреле брод под знамето на Камерун во водите кај
Одеса, кој, според разузнавачки извори, превезувал жито од окупираните
украински територии.