Големата несреќа се случила вчера во градот Меса, недалеку од Феникс. Хонда HA-420 HondaJet, требало да полета од пистата на аеродромот Фалкон Филд. Екипажот на авионот од се уште непознати причини го прекинал полетувањето во моментот кога авионот веќе се залетал со брзина од 246 km/h.
A Honda HA-420 HondaJet, N57HP, overran the runway following an aborted takeoff from runway 22L at Mesa-Falcon Field Airport (FFZ), Arizona, USA. Five people sustained fatal injuries.pic.twitter.com/2zClt5lwLa
— Aviation Safety Network (ASN) (@AviationSafety) November 6, 2024
Авионот не успеал навреме да застане на пистата, излетал од пистата и низ оградата на аеродромот. Хондаџетот завршил на патот каде што се движеле патнички возила во моментот на инцидентот. Авионот се судрил со автомобил и се запалил.
Четири од пет лица во HA-420 загинале, додека еден преживеан е хоспитализиран со сериозни повреди. Животот го загубил и возач на патничко возило. Меѓу жртвите има и 12-годишно момче, објави Fox10 Phoenix.
#AccidenteAéreo mortal de #HondaJet #HA420 (N57HP) de "Ice Man Holdings". Sebsalió por el final de pista tras abortar despegue en la pista 22L del Aeropuerto Mesa Falcon (FFZ), #Arizona, #EEUU 🇺🇸. Los 5 ocupantes murieron. Abortó a 133 Kts a 700 pies del final de pista. 05-11-24 pic.twitter.com/qMD5KqYMsy
— Iván Castro Palacios (@ivancp25) November 6, 2024
Мрежата за безбедност на воздухот соопшти дека остатоците од авионот се наоѓале на околу 213 метри, од пистата 22. Оваа писта е долга нешто повеќе од 1.550 метри.
Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) објави дека започнале истрага за несреќата. Авионот припаѓал на Ice Man Holdings LLC и требало да лета до аеродромот Provo (PVU) на денот на несреќата.