Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

14- годишно девојче од Црна Гора планирала терористички напад во Австрија, се заколнала на ИД

10 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Дојавата за терористичката закана дошла од разузнавачката служба на пријателска европска земја која истражувала исламистичка ќелија во Германија и на тој начин дознала за онлајн активностите на девојчето во Грац.

Како што пренесува „Клајн Цајтунг“, обвинителството и судот сега за медиумите изјавиле дека обвинението е потврдено. Девојчето, чие име не се соопштува, е обвинета дека е членка на Исламската држава, која во Австрија е класифицирана како терористичка и криминална организација.

Од нејзините онлајн активности, се чини дека таа и уште две лица планирале напади во име на Исламската држава. Едно од тие лица е уапсено во Германија. Таа добила и нож и соодветна црна облека на ИД за да изврши терористички напад врз „неверниците“ во Јакоминиплац во Грац.

Не само што се запленети ножот и облеката, туку иследниците пронашле и онлајн комуникации во кои таа испраќала слики од можни цели за напад на истомисленици во странство, вклучително и Јакоминиплац. Токму овие активности и врски доведоа до извештај до истражителите на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска (ЛСЕ).

При претресот на куќата пронајден е и пропаганден материјал на Исламската држава. Според обвинителството, во видеото таа ја ветува својата лојалност кон ИД на арапски.

Според Клајн Цајтунг, судскиот вештак смета дека девојчето било здраво разумно, а датумот на првото рочиште се уште не е одреден. Девојчето се изјаснила за невина. Откако била приведена и спроведена во затвор, ѝ е одредена мерка притвор поради опасност од извршување кривично дело и опасност од прикривање докази.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ