Општините предводени од СДСМ први се имаат пријавено на повикот на министерството за локална самоуправа за средствата од овој кредит од 250 милиони евра за општините и 250 милиони евра за бизнисот. Додека пак СДС несвесно формираа преседан и го ставија партискиот интерес пред државниот интерес, избегаа од дебата затоа што немаа што да кажат, <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/stojanoski-dodeka-sds-go-stavi-partiskiot-interes-pred-drzhavniot-interes-i-izbegaa-od-debata-opshtinite-predvodeni-od-sds-prvi-se-prijavija-na-povikot-za-250-milioni-evra-za-opshtinite/">рече</a> пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во денешното гостување на емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.
Стојаноски посочи дека во изминатите 7 години во Македонија имаше континуирана криза предводена од Владата на СДС и ДУИ.
-Имаше континуирана криза на влада предводена од СДС и ДУИ 7 години со 4,6 милијарди задолжување повеќе од сите влади претходно а ниту еден километар автопат не е завршен, ниту еден километар железничка пруга не е завршена, ниту една болница не е изградена, клиничкиот центар е ист таков како што го напуштивте и дополнително се плати пенали за истиот, не постои ниту еден експресен, регионален, магистрален автопат или било каков проект кој владата на СДС и ДУИ го испроектирала и бил завршен, истакна Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека јавноста во наредниот период ќе ги добие одговорите за што точно биле потрошени парите.
-Основното прашање е за што биле потрошени овие пари. Со оглед на тоа дека СДС бега да одговори на ова прашање во наредниот период јавноста ќе ги добие одговорите, заклучи Стојаноски.