„Синоќа во 21.55 часот полициски службеници од Гостивар го лишиле од слобода косовецот А.Т.(60), во врска со сообраќајната незгода што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево на излезот од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и во текот на денешниот ден по претходна брза постапка ќе биде изведен пред надлежен суд“, <a href="https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poznat-identitetot-na-zaginatite-gostivartsi-kosovskiot-kamiondhija-lishen-od-sloboda/">соопшти</a> СВР Тетово.
<a href="https://gostivarisot.mk/2024/09/12/mesohet-identiteti-i-viktimave-nga-aksidenti-fatal-ne-gostivar/">Порталот Гостиварисот.мк</a> го објави идентитетот на загинатите гостиварци. Станува збор за Тургај Ризванче и Бекир Хоп. Возачот БМВ-то, Хоп, починал на лице место, додека Ризванче починал во гостиварската болница. Жртвите биле семејни пријатели. Хоп е сопственик на часовничарски сервис, додека Тургај Ризванче е сопственик на аптеките „Ризванче“.