Пожарот во станбената зграда во скопски Чаир се уште е активен, а како дополнителна помош скопските пожарникари на лице место ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/specijalno-protivpozharno-armisko-vozilo-se-vkluchuva-vo-gasnenjeto-na-pozharot-vo-chair/">пишува</a> Курир.
Од Центарот за управување со кризи вечерва информираат дека гаснењето на пожарот се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.
ФОТО: ВЕЧЕР.МК