Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство
(ОЈО) Куманово извршил увиди на локациите каде синоќа биле опожарени два
автомобили и една деловна просторија, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и
евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе
бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео
надзор“, информираа од Јавното обвинителство.
Оттаму потврдија дека еден од опожарените автомобили е во
сопственост на јавен обвинител.