<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Министерот и
вицепремиер Изет Меџити смета дека прашањето за екс-вицепремиерот Артан Груби е
затворено.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">-Мислам дека
Владата го направи своето. Се враќа законската држава. Никој не е над законот.
Кога сме кај политиката, прашањето за Груби е затворено. Останува на органите
на редот да се занимаваат со ова прашање, но, и со другите случаи, кратко кажа
Меџити на настанот во Владата за потпишување писмо на намери за поддршка на
првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Дека Груби, кој е
осомничен во случајот „Државна лотарија“ е во Албанија, прв обелодени токму
Меџити. Во изјава за албанската телевизија „Ора вести“, според неговите
информации, Груби ги напуштил границите на Косово и се наоѓа во нашиот западен
сосед. Според него, политичарите треба да дадат порака дека борбата против
корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Премиерот
Христијан Мицкоски не сака да шпекулира дали поранешниот вицепремиер е во
Албанија или во Косово, но како што вели, факт е дека не бил чист како солза,
бидејќи во спротивно немало да бега од правдата. Според шефот на Владата,
пораките што ги испраќаат СДСМ и ДУИ не се во насока на одлучна борба со
криминалот и корупцијата.</span>