Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во
периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од
348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд
во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи
со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над
милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година, објави Блумберг.
Инаку, податоците на Народната банка откриваат дека само во
третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во
Оттаму информираа дека во овој период има зголемени
нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра),
сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2
милиона евра).
Новата влада предводена
од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, само што ја презеде власта веднаш
се зафати со носење на странски инвестиции.
Само во првите
100 дена беа донесени 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони
евра, коишто ќе значат нови 1.600 вработувања.
Најпрво започна
со „Aлказар Енерџи“, потоа германско-белгиска инвестиција „Епсотех Аим“ и американската
„Вабтек“, како и германската „BMZ Group“.
Веднаш потоа се
донесе нова германско холандска инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови
работни места на Бреинчајлд која ги потврдува нашите напори за развивање на
економијата и иновациите на пазарот.
Пред една недела
следеше и петтата инвестиција на „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250
вработувања во следните 4 години.