Државната
комисија за спречување на корупцијата оформи предмет за проверка на
вистинитоста на податоците од изјавата за имотна состојба и интереси на Димитар
Ковачевски, велат антикорупционерите за Радио Слободна Европа.
го зголемил својот имот за еден стан и една куќа. Ова го покажува споредбата на
двата анкетни листа што ги поднел до Државната комисија за спречување на
корупција (ДКСК)- првиот кога стана премиер во јануари 2022 година, а вториот
кога стана пратеник во јуни 2024.
по предметот е во тек. Од страна на Државната комисија за спречување на
корупцијата се преземаат дејствија во насока на утврдување на фактичката
состојба. По утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на
јавна седница, која ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК,“ е наведено во
одговорот од ДСКС за РСЕ.
имотот ги пријавил во Антикорупцијата комисија.
новиот анкетен лист, Ковачевски поседува вкупно четири стана и една куќа. Еден
од становите е во сопственост на неговата сопруга Елена. Пријавената вредност
на недвижниот имот изнесува 365 илјади евра.
вели дека го продал станот кој го поседувал од 2008-та година и дека со тие
пари, како и со продажбата на автомобилот „Пасат“ купил помали станови во
изградба.