Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски информираше дека според најавите, Венецијанската комисија ќе го усвои пријателскиот совет на 15 март, а објавен ќе биде до 18ти по што најдоцна до 21 март догодина ќе се одржи подготвителната седница. Листата на учесници на подготвителната седница која ја предложила судијата известител за предметот Елизабета Дуковска се очекува утре да биде утврдена а на неа има повеќе од дваесет имиња на експерти и поранешни судии.
"Побаран е претставник од Венецијанската комисија да дојде и на подготвителната седница да го образложи пријателскиот совет и ставовите до кои ќе дојде Венецијанската комисија. Мои очекувања се дека во тие денови, 19, 20, 21 март, ќе биде одржана подготвителната седница. На листата што ни ја предложи судијата известител има можеби повеќе од 20 имиња, станува зборр за експерти по уставно право, меѓународно право, поранешни судии, шаренолика е листата. Додека не се утврдат имињата не би шпекулирал," изјави Костадиновски.