<span style="color: rgb(8, 8, 9); font-family: "Segoe UI Historic", "Segoe UI", Helvetica, Arial, sans-serif; font-size: 15px; white-space-collapse: preserve;">Денеска во седиштето на Српската патријаршија потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ се сретна со српскиот патријарх </span><span style="color: rgb(8, 8, 9); font-family: "Segoe UI Historic", "Segoe UI", Helvetica, Arial, sans-serif; font-size: 15px;">г. Порфириј. </span>
Како што напиша на својот Фејсбук-профил Стоилковиќ,средбата поминала во топла атмосфера, а биле разменети мислења и ставови за традиционално пријателските врски меѓу двете земји и двата народа.
„Денеска во седиштето на Српската патријаршија остварив средба со Неговата Светост, почитуваниот патријарх на Србија, г. Порфириј. Во срдечна атмосфера разменивме мислења и ставови за традиционално пријателските врски меѓу нашите две земји и српскиот и македонскиот народ. Се согласивме дека може да се направи повеќе и подобро, што укажува на потребата од сеопфатен пристап кон соработката и севкупната работа, со цел да се воспостават различни примери и јасни принципи, се со цел да ги зајакнеме нашите граѓани и да го направиме Балканот подобар за народите кои живеат во него“, напиша Стоилковиќ.