Во истрагата за сомнежите за криминалот во државна Лотарија е вклучен и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, дознава „Република“, а како што пренесуваат според сознанија добиени од нивни извори, како дел од истрагата, се проверува и неговото работење и влијание во случајот.
Инаку, во тек голема полициска акција на МВР во врска со сомнежи за организиран криминал во Лотарија на Македонија. Утрово направен е претрес на повеќе места, меѓу кои и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој не бил пронајден таму.
Како што преку социјалните мрежи потврди, Груби е во Косово, но тврди дека не пребегнал, ниту е во бегство, туку планира да се врати. Против него веќе се води истрага за друг случај, за вмешаност во судски процес, за кој се најде на американската црна листа.
Во случајот со сомнежите за тежок криминал во Лотарија, во моментот се трага и по поранешниот директор Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот и за кого, како што дознаваме, постојат сомнежи дека пребегнал на Косово уште пред неколку месеци. Неговото семејство, наводно, ветило дека тој ќе се врати.
Во неговиот дом, според нашите извори, пронајдена се поголема количина на пари, над 50 илјади франци во кеш.