За време на еднодневната возвратнa посета на РС Македонија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денеска остварил средба и со премиерот Христијан Мицкоски, на која е разговарано за натамошно упнапредување на односите на двете земји.
-Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Македонија, ми оддаде премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работен ручек разговарав за натамошното унапредување на нашите односи и зајакнувањето на соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографии од средбата.