Блерим Беџети, пратеникот од редовите на Демократската унија
за интеграција, во „Дејли Клик“ на ТВ21 му порача на Артан Груби да се врати и
да се соочи со органите на правдата и со законите.
Беџети кажа дека дали е чист или сторил кривично дело, треба
да утврдат уставните органи во државата.
„Јавно го повикувам Артан Груби во име на партијата но и од
мое име да се појави пред органите на правдата за да се соочи. Тоа е поврзано
со случајот со Лотарија. Како и секој граѓанин, носител на јавна функција која
му била дадена, нека дојде, и дали е чист или направил прекршување на законот,
ќе утврдат уставно-правните тела. Посакувам исто така да се соочат и друите“,
рече Беџети.