ВМРО-ДПМНЕ обивнува дека „врската помеѓу СДСМ и поранешниот вицепремиер Артан Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДСМ и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали“.
Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче и експремиерот Димитар Ковачевски знаеле за крминалите во Државна лотарија:
„СДСМ да ѝ соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази сè уште жестоко го бранат Груби.
И ДУИ и СДСМ и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал, но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.
СДСМ наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност.
Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.
После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДСМ-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДСМ како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.
Институционалниот хаос кој произлезе од СДСМ-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација.СДСМ поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот. СДСМ и ДУИ се партнери во криминалот.
Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДСМ-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДСМ заради личен профит. Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека одговорност за „целосниот колапс на системот“ мора да има и дека „е време да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата“.