Артан Груби пишуваше по ФБ во понеделникот од Косово, симптоматично или не – кога во оптек беше „само“ кривичното дело за криминал и коупција со судијата Беџети за Мијалков, без сомнежи за мега аферата во Лотарија на Македонија. Оттогаш, Груби исчезна од јавноста. Сега, комуницира само преку адвокатот Доневски, кој го застапува. Тој пак, во одбрна на својот клиент. Би било чудно и преседан да е поинаку, <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/advokatot-grubi-e-nevin-gragjanite-pa-togash-shto-ne-se-vrati/">велат познавачите за Курир</a>.
-Не постои основа на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон, вели адвокатот Владимир Доневски, кој е адвокат на поранешниот прввицепремиер на Ковачевски (кој е во истиот случај само со друго, поинакво обвиненение) и министер за политички систем, Артан Груби во соопштение испратено до медиумите во име на Груби, како бранител ангажиран од неговото семејство.
Тврдењето на Доневски предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, па граѓаните со основа го поставуваат прашањето:
– Та, ако е невин, што не се врати дома?
-Затоа ли избега десет минути пре да те уапсат?
-Врати се, играј мања-веча, во твој стил!
-Сега, ќе глуми ли политичка жртва?
-Во Шутка и Идризово, сите се невини, прашајте ги, слободно!
Ова е само дел од коментарите на Фејсбук, кои Курир ги пронајде за саде неколку минути, абер кој граѓаните го упатуваат јавно прозивајќи и повикувајќи го Груби, доколку е навистина невин да си се врати во Македонија.
Вчера од Кривичниот суд Скопје потврдија дека адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“, поднел жалба на одлуката за притвор. Оттаму кажаа и дека по поднесената жалба, одлука ќе се донесе во текот на следните денови.