Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

70-годишник од Липково силувал 13 годишно дете

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 70-годишник од општина Липково, поради сомнение дека во повеќе наврати, во период од два месеци, вршел сексуално насилство врз 13-годишно дете.

Според пријавата, 70-годишниот И.С. е осомничен за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години“. Детето било изложено на повеќекратно сексуално насилство од страна на повозрасниот човек, што предизвикало голем шок и вознемиреност во јавноста.

Овој случај уште еднаш укажува на потребата од нулта толеранција кон сите форми на сексуално насилство, особено над деца.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ