СДСМ крена раце од политиката, партијата сама себе се стави во хибернација и <b>се согласи целиот политички и партиски капитал да го стави во раце и на расаполагање на политички неуки и политички неписмени анонимуси од соросовиот “невладин“ сектор, лица кои се релана и формална власт во СДСМ.</b>
Со еден збор: <b>Партијата СДСМ прогласи капитулација на политичката сцена.</b>
Со ова се случија две битни промени во политичката јавност: Првата е дека втората по сила политичка партија после историски најголемиот пораз по последните парламентарни избори <b>прогласи стеча</b>ј, а за стечајни управници ги постави ликовите од соросовите “невладини“ организации кои сега се <b>стечајни управници.</b>
Второ, исчезнаа и клоновите од соросовиот “невладин“ сектор кои сам себе се разоткрија и делигитимираа како невладини организации и се дефинираа како досегашна партиска логистика на СДСМ, а отсега и како партиски шефови и стечајни управници во партијата.
И двете појави се логични, иако се самоубиствени за СДСМ, и тоа на подолг период од повеќе години. Првата е дека соросовиот концепт на неговите невладини “влади во сенка“ паѓаат низ цела Европа, а особено по последните избори во САД, препознаени како недемократска тортура врз јавноста и задушувањето на демократијата со фактичко владеење од лица за кои никој не гласал.
Втората појава е внатрешна, партиска. СДСМ по заминувањето на Бранко Црвенковски ја загуби внатрешната политика и идеологија, каква и да е таа, и со Шарената револуција партијата стана водена од улица од непартиски ликови кои немаат никаква одговорност ниту пред јавноста, ниту пред партијата, и со тоа голема можност за широка корупција.
Невладините кои учествуваа во грабањето на власта преку СДСМ и Зоран Заев <b>станаа доверители на партијата, а партијата СДСМ нивни должник </b>кој, низ корупција за последните седум години на власт им се оддолжуваше. Било да се тоа исплати преку Фонд за иновации, измислени и преплатени “проекти“, функции на места во парламентот или минстерски позиции.
И, на крај, <b>дојде време на средување на сметките. СДСМ е растурен до темел, во стечај, партијата е предадена на до вчера “невалдините“ кои се далеку од политички потенцијал. Рејтингот на СДСМ е во слобдоен пад а не се ни гледа решение.</b>
Филипче не се занимава со СДСМ, дури ретко и доаѓа во партијата, неговата функција е да биде таму за да спречи внатрепартиски бунт против Зоран Заев и на Заев да му обезбеди партиска заштита во јавноста, пред обвинителите и пред амбасадите.
<b>Партијата и “политиката“ на СДСМ ја води заменик претседателката Фани Каранфиловска Пановска</b>, која доаѓа од соросовото Отворено општество и која изјави дека <b>освен Венко Филипче и Ана Чупеска, исто така од соросивиот “невладин“ камп - не познава никој друг во партијата СДСМ.</b> А таа е заменик претседател на партијата, треба да ја води во околности кога ниту ја познава партијата, ниту партсиката структура ниту луѓето од врвот на партијата! Накусо, со СДСМ нема ништо заедничко освен меракот да им биде шеф.
Со неа, партијата ја води <b>Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ</b>, која од политичко искуство има само колумни на порталите на соросовите “невладини“ организации и настапи со празни фрази без нити еден факт или аргумент. И толку.
<b>И двете, Фани Каранфиловска, и Ана Чупеска, уште во првите јавни настапи станаа предмет на потсмев и мајтап во јавноста со своето целосно непознавање на политиката, економијата, потребите на граѓаните и на севкупната политичка сцена и односи</b>.
Со еден збор, се легитимираа како залутани во реалниот политички живот и целосно неупотребливи во партијата СДСМ. Празните фрази со кои се расфрлаат Фани Каранфиловска и Ана Чупеска се подносливи за нивниот “невладин“ сектор кој никому не поднесува одговорност, но за политиката и граѓаните кои чекаат план, концепт, реализација, иневстиции, работа, решанија за ефикасно здравство, енергетска стабилност... двете се појави без никакво корисно значење.
<b>Затоа, и рејтинзите на СДСМ со двете стечајни управнички се - шокантно лоши. Паднаа зад ДУИ.</b>
Македонскиот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ <b>Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои граѓаните на Македонија имаат доверба. </b>Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори. <b>За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ по ДУИ. </b>Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за мкд.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски. На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ. По него следуваат Максим Димитриевски и <b>Венко Филипче со по 3,6%</b>, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами (0,7%), Зијадин Села (0,5%), Африм Гаши (0,2%)…
За новото раководство на СДСМ и предизвиците со кои се соочува по последните избори, и капацитетот да се обнови партијата и креирање политика прифатлива за граѓаните, испитаниците на ова истражување имаат голема резерва. <b>Повеќе од 48 отсто од испитаниците не веруваат во тој капацитет и способност да се креира нова политика, а 18,4 одговорија потврдно на ова прашање.</b>
А ова се потврдува и со рејтингот на партијата, песимизмот преовладува во однос на СДСМ.
На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%… Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.
Ова истражување покажува дека довербата во Мицкоски е поголема од партискиот рејтинг. Она што е исто така интересно е дека за првпат <b>во албанскиот блок коалицијата Вреди има поголема доверба од ДУИ.</b>
Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.