Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Уапсен бил ѕвездата на серијата „Менталист“, сега судот му пресуди

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Актерот неодамна пред судот призна дека возел пијан во родната Австралија во јули оваа година, а соработката со полицијата и судот го ослободиле од затворска казна, пренесува People.

Имено, утрото на 20 јули, актерот бил запрен во заливот Бајрон бидејќи преминал преку полна линија додека возел автомобил Тесла. Странските медиуми тогаш објавија дека Бејкер не бил стабилен на нозе и пелтечел при говорот, имал насолзени црвени очи и мирисал како некој што конзумирал алкохолни пијалоци.

Бејкер, кој во тој момент бил сам во автомобилот, исто така признал дека испил четири чаши вино со вечерата околу 18 часот. Тој неодамна се изјасни за виновен за возење со концентрација на алкохол во крвта од повеќе од 0,05% во локалниот суд во Мулумбимби.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Simon Baker (@snappytoes)

Бидејќи ова му е прв прекршок на актерот и изразил каење, тој бил пуштен со кауција на условна казна од девет месеци. Исто така, на судот му било кажано дека Бејк завршил програма за рехабилитација на прекршители во сообраќајот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ