Кање Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак, дознава ТМЗ.
Наводно парот влегол во тежок период, а на познаниците им кажале дека се разделиле пред неколку недели. Сè уште не е познато што ја поттикнало разделбата или кој сакал да ја прекине врската, но според извори на ТМЗ, Кање рекол дека планира да живее во Токио, како и да се разведе од Бјанка. Пред тоа Бјанка била со семејството во Австралија.
Двајцата последен пат се видени заедно на 20 септември во Токио.
Кање и Бјанка предизвикаа големо внимание со нивната романса откако тајно се венчаа во декември 2022 година. По венчавката Бјанка постојано беше покрај Кање, на сите јавни настани, но и на семејните собири со неговите деца од бракот со Ким Кардашијан.
Бјанка привлече големо внимание со својот изглед и голотијата, а често едвај може да се рече и дека беше облечена.