Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Популарниот балкански актер Сергеј Трифуновиќ, според хрватските медиуми, синоќа околу полноќ бил уапсен на граничниот премин Бајаково, додека поминувал од Србија кон Хрватска.

Како што пишува „Слободна Далмација“, Трифуновиќ во текот на денот ќе биде изведен пред Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде што ќе му се суди повторно.

Инаку, Сергеј пред една година беше казнет откако бил пријавен од граѓани на сплитската плажа Каштелет, бидејќи без надзор го шетал своето куче волчјак Милет, што, како што се наведува, ги вознемирило присутните.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ