<b><i>Ким Кардашијан и Клои Кардашијан беа меѓу многуте познати гости на свадбата на Анант Амбани во Индија, а по тој повод Ким прекрши едно важно правило</i></b>
Се разбира, сè треба да се врти околу Ким Кардашијан! На тој принцип го засноваше и своето реално шоу и стана успешна жена. Така беше и овој пат кога се појави на свадбата на Анант Амбани во Индија.
За да се истакне меѓу многуте славни гости, Ким облече црвена лехенга, фустан кој ја имал бојата резервирана само за индиските невести.
Црвената боја на фустанот во хиндуизмот симболизира чистота, плодност и богатство.
Тоа му доаѓа исто како да дојде на нашата свадба облечена во снежнобела венчаница! И тоа не било случајно, бидејќи Ким дури два дена по ред носела огненоцрвен фустан на свечениот настан.
На венчавката била присутна и Клои, но облекла фустан од слонова коска со златни детали.
Венчавката за која светот бруи уште од март годинава е една од најекстравагантните досега. Семејството Амбани е најбогатото семејство на светот, а свадбената прослава на својот најмлад син ја започнаа во март со тоа што ги поканија Ријана, Кети Пери и Џастин Бибер да пеат за нив, додека на крстарење со себе ги зедоа британското кралско семејство, Бекамови, Иванка Трамп, Бил Гејтс и Марк Цукерберг.
На споменатиот главен настан имаше актери и пејачи од Холивуд и Боливуд, а невестата и младоженецот беа пресреќни.