Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Натали Портман се врати уште поубава по разводот, во Париз се појави во одмазнички фустан

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Седната во првиот ред, Натали Портман носеше црно мини здолниште без прерамки, кое имаше скулптурно деколте, со полупроѕирни црни чорапи и соодветни сјајни црни потпетици.

Што се однесува до впечатокот - ова е дефиниција за одмазднички фустан. Сите елементи се таму: мини е, црно, привлекува внимание и точно може да се види кога некој се чувствува сигурен во него.

Минатата година познатата актерка стави точка на единаесетгодишниот брак со балетанот Бенџамин Милипеде, а причина за разделбата беше неговото изневерување.

Веста за разводот на Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милипеде ги шокираше нејзините многубројни обожаватели, токму поради тоа што оставија впечаток на еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Бенџамин имал афера со Французинката Камил Етјен, инаку активистка за клима, која тогаш имала само 25 години. Како што објави магазинот „Пипл“, нивната афера веќе била завршена кога јавноста дознала за тоа.

Речиси една година бил со 20 години помлада девојка, а работите да бидат уште полоши, се чинело дека тоа го знаеле сите околу Натали, освен таа.

Парот се обидел да ја надмине кризата, но се чини дека не успеале. Изворите неодамна тврдеа дека сепак одлучиле да се разведат бидејќи не можеле да најдат заеднички јазик, а Натали наместо да страда, решила да се крене од ситуацијата и да ја покаже страната која долго време не можевме да ја видиме.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ