Албумот на Четкар ‘Let Us Be’ кој моментално е ексклузивно издаден во Јапонија е прогласен за ‘Masters Choice’ на национално ниво низ сите музички продавници на ‘Tower Records’, најголемиот ланец на музички продавници во Јапонија и е прв на истоимената листа .<a href="https://tower.jp/article/feature_item/2024/11/08/0001" target="_blank">https://tower.jp/article/feature_item/2024/11/08/0001</a>.
Во прекрасната критика за албумот ‘ Let Us Be’, меѓу другото се вели дека Четкар е блескав артист со својата супериорно комфорна ‘Breezy chill’ гитара.“Од неговиот урбан соул стил, преку правците на Incognito и Jamiroquai , се до фанк-диско стилот на Chic, неговиот сензибилитет го одделува од комерцијалните правци.
Високо се препорачува за сите љубители на 80-тите .Не постои некој што не го сака овој звук!!” Албумот „Let Us Be“ е музичка симбиоза на џез, фанк, соул и диско и комплетно авторско дело на Четкар каде тој е во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист, вокалист, текстописец и диригент. Снимен е во Чикаго и Милвоки во „Electrical Audio“ и „Hi-Five Studio“, со жива инструментација. Содржи 8 композиции: „Don’t Make Me Wait“, „Let Us Be“, „Ohrid“, „A New Day“, „High Devotion“, „More Than I Ever Asked For“, „Alexander At The Oracle“ и „MATO“.