Пејачката Мина Костиќ во текот на кариерата ја следи еден скандал кој таасо задоволство би го избришала од своето минато, а тоа е тепачката со колешката Индира Арадиновиќ-Инди, на Гранд фестивалот во 2008 година, за која се зборува до ден-денес.
Мина во една емисија се осврнала на овој настан и рекла дека жали за физичката пресметка со колешката Инди.
- Се срамам. Тоа беше голема провокација од нејзина страна, не ни знаев, ниту ме интересираше, ниту некогаш сме се дружеле. Веројатно, некој ја советувал да ме изнервира и да проговори, а јас воопшто не размислував каде сум и ми падна ролетна, изјавила Мина, додавајќи: - Се сеќавам дека Саша ми рече: „Сакаш да се смирите?“, реков: „Те молам?“. Не ми падна на памет. Само потоа ме праша дали можам да излезам на сцената да пеам, што секако и го направив.
Пејачката истакнала и дека вакви ситуации секому му се случуваат, а неколку пати изјавила дека сега никогаш не би реагирала толку импулсивно.
- Боже мој, овие работи се случуваат. И се случило и на Лепа Лукиќ. Многу се каам и многу ми е жал што тогаш така реагирав... Сега од оваа гледна точка никогаш немаше да реагирам така, само ќе искулирав. Тоа е единственото нешто во мојата кариера од кое се срамам, но се е за луѓе, рекла пејачката.